Mинистерот Бектеши се сретна со унгарскиот амбасадор Ласло Дукс

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска се сретна со амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Иштван Дукс.
На сребата, информираат од Министерството за економија, Бектеши изразил задоволство од интензивирањето на економската соработка меѓу двете земји, која резултирала со континуиран раст на трговската размена меѓу Македонија и Унгарија, поточно со нејзино удвојување во последните три години, но и со зголемување на бројот на туристи и соработка во повеќе области од заеднички интерес.
Двајцата соговорници изразиле задоволство од воспоставувањето на директни летови на релација Будимпешта – Скопје - Будимпешта, од страна на нискобуџетната компанија Виз Ер, што е причина повеќе за брзото зголемување на деловните посети и на туристите во двете земји.
Воедно, амбасадорот Дукс во текот на средбата го пренел интересот на многу унгарски компании да учествуваат во спроведувањето на различни проекти од областа на инфраструктурата, енергетиката и туризмот во Македонија.
Министерот Бектеши и амбасадорот Дукс истакнале дека соработката меѓу министерствата во чија надлежност се економските релации досега е одлична, за што говорат и трите одржани седници на мешовитите комитети на двете земји, како и неколкуте реализирани бизнис форуми, согласно Меморандумот за соработка, потпишан од страна на инвестициските агенции од Македонија и Унгарија.
Од оваа прва средба меѓу Бектеши и Дукс, наведуваат од Министерството за економија, произлегла и иницијативата четвртиот состанок на заедничкиот мешовит комитет да се одржи до крајот на оваа година, а домаќин да биде нашата земја.
Ново на Сител
-

Тешка сообраќајка во Словенија, тројца Македонци загинаа
-

Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош
-

Бројот на жртви во земјотресот во Индонезија се искачи на 111, над 176.000 лица се раселени
-

Бела куќа: САД и Иран во моментот не преговараат за прекин на војната
-

Џордан Питерсон: Интелигенција е „како размислуваш“, а не „што мислиш“
-

Мицкоски: Остануваме на стратегијата за дата центри, светот ова ќе го развива, прашање е ние дали ќе го препознаеме моментот
-

Казни до 10.000 евра за трговците кои не се придржуваат на одлуката за намалување на цените на училишниот прибор
-

Почина Ратко Младиќ
