Македонија
29. October 2024 - 13:51

Министерот Филков во Будва на средба со неговиот унгарски колега Бенце Тузсон

Министерот за правда Игор Филков во Будва остварил средба со унгарскиот министер за правда, Бенце Тузсон.

- Нашите односи со Унгарија се пријателски, а земјата ни е значаен поддржувач во процесот на пристапување кон Европската унија, напиша на неговиот фејсбук профил министерот Филков.

Тој објави дека со задоволство ја прифатил поканата од министерот Тузсон и ќе присуствува на меѓународната конференција „Правна конкурентност - инструменти на правото за поконкурентна Европа“, што ќе се одржи во Будимпешта на 11 и 12 ноември.