Министерот Јолевски во посета на селото Шипковица

Министерот за одбрана Зоран Јолевски попладнево во тетовската касарна на АРМ „Народен херој Кузман Јосифовски Питу“ одржа координативен состанок со претставници од повеќе институции вклучени во следењето на состојбите и интервенирањето на терен во справување со последиците од поплавите во Тетовско.
По состанокот Јолевски со соработниците го посети и реонот на селото Шипковица каде екипите се присутни за отстранување на наносите од кал земја и камења што се јавуваат поради свлечиштето на патот што Шипковица ја поврзуваат со Бродец.
- Армијата е целосно подготвена и ставена е во функција за помош на населениото во погодените реони од Скопско. Жалиме за загубата на семејствата со загинати и претрпените штети. Знаеме за состојбите со огромните карпи над Шипковица кои имаат по неколку тони или описно најголемата има 2,5 на 3,5 метри. Затоа на решавањето на овој проблем ќе пријдеме многу стручно со експерти од инженериската единица на АРМ за отстранувањето на оваа и на другите карпи да биде изведено многу внимателно со цел да не се предизвикаат дополнителни штети на жителите на Шипковица, изјави Јолевски.
Претходно градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи при посетата на селото Голема Речица посочи дека очекува АРМ да одговори на нивното барање да ги разнесе и отстрани карпите над Шипковица. Таа рече дека општинскиот кризен штаб за справување со невремето изминатата ноќ интервенирал на патот Шипковица - Бродец, а постојано ја следи состојбата на сите критични точки во регионот каде состојбата засега е под контрола.
- Градежната механизација останува на своите места во Голема Речица каде интервенираме за чистење на коритото од реката како и на патот Шипковица - Бродец каде изминатата ноќ по големите врнежи повторно имаше нови, но помали наноси на камења и кал. Тој повторно е отворен за сообраќај, се разбира во отежнати услови. Поради овој постојан ангажман на теренот на соодветните екипи останува во рамките на можностите особено делови од противпожарната бригада од Тетово да интервенира и да му помогне на населението во Скопско и ние сочувствуваме со погодените од оваа трагедија, а ќе продолжиме со нашата помош затоа што знаеме од минатата година какви може да бидат последиците од ваква природна непогода, рече Арифи.
Ново на Сител
-

Апсења и претреси во Скопје: Лажирале извештаи и уплатници за регистрација на возила, штетата 13 милиони денари
-

Александар Вучиќ покренува подкаст
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
