Министерот Муцунски во официјална посета на Република Чешка

На покана на неговиот чешки колега Јан Липавски министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска и утре е во официјална посета на Република Чешка.
Како што информираат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, централно место во разговорите на двајцата министри се очекува да биде перспективата на евроинтегративниот процес на нашата земја, спроведувањето на реформската агенда и во таа насока поддршката на Република Чешка за европското досие на нашата земја.
- Ќе бидат разгледани и можностите за унапредување на севкупните билатерални односи, со особена заложба за зајакнување на економската соработка. Двајцата министри ќе одржат и прес-конференција, а ќе имаат и поздравни обраќања на бизнис форумот кој се организира во соработка со чешко-македонската трговска асоцијација, велат од Министерството.
Покрај средбата со својот домаќин, министерот Муцунски ќе се сретне и со министерот за европски работи, Мартин Дворжак и министерот за индустрија и трговија, Лукаш Влчек, како и со претседавачот и членовите на Парламентарната група за соработка со нашето Собрание и со претседателот на Сенатот, Милош Вистрчил. Во рамки на посетата, предвидено е министерот Муцунски да одржи предавање на University of New York во Прага.
Ново на Сител
-

„Страв и надеж“ на МНТ победник на 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“
-

Одржлив транспорт во Скопје и возење со автобус по рутата на БРТ и градскиот воз
-

Не запира уништувањето на рибниот фонд
-

Жетвата на пченицата започна, откупната цена непозната
-

Од еко сапуни до соларни прочистувачи, средношколците нудат реални решенија за климатските промени
-

Рекордна заработка очекува ФИФА од Светското првенство
-

Нов пожар кај Штип, спасен човечки живот
-

Тема на денот со Ивон Величковски, претседател на Нова Република
