Министерот Николовски на Саем за храна и земјоделство во Словенија
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Словенија ќе го посети Саемот за храна и земјоделство „AGRA FAIR 2017“ што се одржува во Горња Радгона.
Ова е 55-то издание на еден од најголемите и најзначајни саеми за храна и земјоделство во Централна Европа на кој се очекува да се претстават повеќе од 1.700 изложувачи од 30 држави во светот. Земја партнер на годинашното издание ќе биде НР Кина.
За Република Македонија, како дел од иницијативата „16+1“ е обезбеден промотивен простор на саемот од 9м2, на кој Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе се претстави со органско земјоделско производство, како еден од секторите во земјоделството кој има голем потенцијал за развој во нашата држава.
Свои производи ќе изложат шест фирми кои произведуваат ајвар, сирење, мед, марамалад, овошје, колачи. Нивниот настап и промоција, ќе биде реализиран со поддршка од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, и со поддршка на Владата на Словенија, која го обезбеди бесплатниот штанд.
Во рамките на саемот е планирано министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски да оствари средби со високи владини претставници од земјите од Централна и Источна Европа.
Ново на Сител
-
Владината програма за 2025 во функција на остварување на стратешките приоритети
-
ИЈЗ: Растат бројките на заболени од грип, но состојбата не е алармантна
-
Македонската зелка нема опасни пестициди
-
Купете си изгубен куфер за 120 денари
-
Преглед на вестите од светот
-
Запрена постапката за организаторите на 27 април - Судот утврди дека и за нив важи амнестијата
-
Вешти лица - Илијевска убиствата ги извршила во афект, стравувајќи за сопствениот живот
-
Грчкото МНР му одговори на Мицкоски - Македонското прашање е решено и дефинитивно