Министерот Сугаревски се сретна со претставници од КФВ банката
Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска имаше работна средба со претставници од КФВ банката, на која станало збор за зголемување на соработка во рамки на проектот „Подобрување на водоснабдувањето во општините во Република Македонија “.
На денешниот состанок, Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во соопштението, обезбедило дополнителни 5 милиони евра грант неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините Кавадарци и Гевгелија.
- Исто така се обезбедија 3 милиони евра, заем од КФВ банката за подобрување на водоснабдувањето во Кавадарци и Радовиш како и 4,5 милиони евра грант неповратни средства од програмата на СЕКО - Швајцарија за подобрување на водоснабдувањето во општина Гостивар, соопшти Министерството за транспорти врски.
Како резултат на соработката меѓу КФВ и Министерството за транспорт и врски, како што е наведено во соопштението, обезбедени се вкупно 12,5 милиони евра од кои 9,5 милиони евра грант неповратни средства за подобрување на водоснабдувањето во општините Радовиш, Кавадарци, Гостивар и Гевгелија.
Во таа насока Министерството за транспорт и врски ќе продолжи со спроведување на мерки и политики во делот на комуналаната инфраструктура се со цел подобрување на квалитетот на живеење на граѓаните на Република Макеоднија.
Ново на Сител
-
Лов на забранети животни – Каква казна предвидува законот за отстрел на мечки?
-
Тема на денот со Ѓоко Велковски заменик мин. за социјална политика демографија и млади
-
ГЕРБ иницира продолжување на преговорите за влада - Желјазков останува предлогот за премиер
-
Скопје утрово втор најзагаден град во светот – Ќе преземат ли советниците чекори за решавање на проблемот?
-
Во Струмица повторно активиран прагот на алармирање за загадениот воздух
-
Мехмедовиќ: ХМПВ не е нов вирус и нема потреба за загриженост
-
Груби доби отказ од тетовскиот државен универзитет
-
Интерпелациите во петок на седница, Мицкоски вели нема да успеат