-->
-->
Министерот Тошковски на отворање простории за разговор со деца кои се во судир со законот во СВР Струмица
-->

Во СВР Струмица денеска ќе бидат отворени простории уредени за разговор со деца кои се во судир со законот.
На настанот, како што е најавено, ќе присуствува и ќе се обрати министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски.
Покрај Тошковски, предвидени се обраќања и на амбасадорот на Кралството Шведска, Ола Сулстром, како и на шефот на Мисијата на ОБСЕ, Килиан Вал.
На настанот ќе учествува и директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев.
Отворањето на просториите за разговор со деца кои се во судир со законот се реализира во рамки на проектот „Шведска поддршка на полициските реформи во нашата држава“.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преговори за Изборниот законик
-

Нови лекови на позитивната листа
-

Почна пријавувањето на штетите од пожарот во Пробиштипско
-

Производителите на пченица бараат да запре увозот
-

Преглед на вестите од светот
-

Ќе има ли договор за Изборниот законик?
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Скопје
-

Утре нов обид за договор на пратениците за Изборниот законик
