Македонија
17. January 2024 - 8:23

Министерот за надворешни работи на Албанија во посета на Македонија

Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Игли Хасани, денеска ќе престојува во прва официјална посета на Република Северна Македонија, соопштија од МНР.            

Покрај средбата со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерот Хасани, како што е најавено, ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, првиот заменик на претседателот на Владата и министерот за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и заменик претседателот на Владата за европски прашања, Бојан Маричиќ.