Министерот за одбрана на Германија: Нашата војска не е способна да се одбрани доколку биде нападната
Новоизбраниот германски министер за одбрана Борис Писториус изјави дека германската армија не е подготвена да ја брани земјата во случај да биде нападната.
- Немаме вооружени сили способни да ја бранат земјата од брутална офанзива и агресивна војна, рече тој за време на состанокот со членовите на неговата Социјалдемократска партија (СПД).
Според него, германските вооружени сили (Бундесвер) немаат доволно луѓе или опрема благодарение на децениското запоставување од страна на сојузната влада.
Поради оваа причина, тој смета дека Германија ќе мора многу повеќе да инвестира во одбраната за да ги достигне неопходните стандарди на НАТО.
Највисоко рангираниот офицер на Бундесверот, генерал-полковник Алфонс Маис, ги потврди зборовите на Писториус, и рече дека ниту 100-те милијарди евра наменети за германската армија од канцеларот Олаф Шолц нема да бидат доволни за таа војска да биде способна за евентуална војна. .
Армин Папергер од „Рајнметал“, најголемиот германски воен добавувач, за медиумите изјави дека Германија во Украина транспортирала два од најважните одбранбени системи наменети за одбрана на главниот град Берлин.
Ново на Сител
-

Без вода објектите на МНТ, Министерството за транспорт и Управата за матични книги
-

Без струја дел од Центар и Аеродром
-

До петок стабилно, суво и потопло, за викендот дожд и снег
-

Николоски: Лидерската средба е доброволен чин, ако СДСМ сака сама да се изолира, не можеме ништо да сториме
-

МФ: Успешно реализирано издавањето на 10. Еврообврзница - силна доверба од меѓународните инвеститори
-

Ѓорѓиевски: Почна површинското чистење на депонијата Вардариште, следува процес на одгасување
-

Различни бројки за загинати во Иран
-

Сите гранични премини на Србија кон Шенген ќе бидат блокирани на 26 јануари, превозниците бараат ревизија на EES
