Министерот за внатрешни работи на Црна Гора: Стотина полицајци имале врски со кланови
Министерот за внатрешни работи на Црна Гора Филип Аџиќ изјави дека апликацијата Скај е валиден доказ, но не и единствен, дека стотина полицајци имале врски со криминални кланови и посочи дека граѓаните ќе бидат изненадени со каков имотот некои од нив располагаат.
Тој потсети дека овие сознанија дошле откако Црна Гора ги добила податоците од Европол, а сега против нив се собираат и други докази. Тој уверува дека Министерството за внатрешни работи ги презема сите мерки и дејствија тие да не влијаат врз функционирањето на овој оддел и очекува во наредниот период да и зададат најтешки удари на мафијата, пишува „Вијести“.
„Некои од тие лица се веќе суспендирани, а станува збор за тие кои веќе се спомнати во одредени случаи, а за некои што ја злоупотребиле функцијата, се бара начин да бидат отстранети од службата“, вели Аџиќ.
Како запрепастувачки податок наведе дека околу 60,70 вработени не доаѓале на работа, а им биле исплатени, како што посочува, речиси два милиони евра. Еден од нив, додава Аџиќ, добил над 30.000 евра.
„Мораме да престанеме со оваа практика“, рече Аџиќ и додаде дека голем број полицајци се под истрага поради нивниот „начин на живот“, а граѓаните ќе се изненадат кога ќе видат со колкав имот располагаат полицајците.
Тој додаде дека секојдневно добиваат информации од Интерпол.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Епископ Хераклејски Климент
-

Маѓар ги најави приоритетите
-

Падот на Орбан нова страница со Брисел
-

Какви промени носи падот на Орбан?
-

МВР трага по лицата кои се обидоа да ја запалат синагогата во Скопје
-

Скок на цената на нафтата за над 7%, утре нова цена на горивата и кај нас
-

Временските услови го зголемија бројот на мозочни удари
-

Лани над 800 сообраќајни несреќи со пешаци, 22 лица го загубија животот
