Министерот за внатрешни работи на Естонија го „преживеа” гласањето за недоверба

Министерот за внатрешни работи на Естонија Март Хелме го „преживеа” гласањето за недоверба, иницирано од опозициската Реформистичка партија.
Гласањето недоверба беше иницирано поради неговиот потсмев упатен кон новата премиерка на Финска, Сана Марин и кон Социјалдемократска партија.
Во естонскиот Парламент, во кој има 101 место, 44 пратеници гласаа „за“, а 42 пратеници против тоа Хелме да се отстрани од функција. За Хелме да биде отстранет од функција потребни беа минимум 51 глас.
Хелме (70) во разговор во емисија на Естонско радио, во неделата, ја исмеваше Сана Марин, новата 34-годишна премиерка на Финска, нарекувајќи ја „касиерка” која ќе го предводи најблискиот сосед на Естонија, мислејќи на нејзината поранешна работа во стоковна куќа.
Историчарот и некогашен амбасадор на Естонија во Русија, исто така ја коментираше и „црвената” Социјалдемократската партија предводена од Марин, оценувајќи дека ќе ја „ликвидира” Финска со својата политика.
Претседателката на Естонија, Керсти Кaљулаид, вчера во телефонски разговор со својот колега од Финска, Саули Нинистo, јавно упати извинување во името на Естонија и Хелме кон Марин и нејзината влада. Хелме, исто така, упати извинување и ги обвини медиумите за преувеличување на неговите коментари.
Ново на Сител
-

Пронајдено починато бебе во дом во Шуто Оризари
-

Израелската полиција го приведе шефот на кабинетот на Нетанјаху
-

Гласањето се одвива мирно, без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Во 24 часа шест лица приведени за безобѕирно возење, едно лице предизвикало и сообраќајна несреќа
-

ЦУК: Поплавени површини, оштетени патишта и евакуации поради обилните врнежи
-

Стармер во разговори со сојузниците за можно распоредување сили на Гренланд
-

Укината забраната за сообраќај на камиони на патот Маврово - Дебар
-

Успешно спасување на двајца вработени на А1 кај с. Лазарополе | ВИДЕО
