Министерот за здравство Таравари ќе ги посети пациентите во Солун и Софија
Министерот за здравство, Арбен Таравари, денеска ќе ги посети пациентите кои се наоѓаат во Солун и Софија, а кои беа дел од критичната група од несреќата во Кочани. Според информациите, пациентите се надвор од животна опасност.
На денешната прес-конференција пред Ургентниот центар на комплексот клиники во Скопје „Мајка Тереза“ министерот рече дека тоа што зависи од нас е направено.
- Да бидеме внимателни и да им се даде максимална медицинска поддршка. Тоа што зависи од нас е направено комплетно. Се надевам дека и земјите кои ни се пријатели и сакаат да ни помагаат ќе дадат максимум од себе, изјави Таравари.
Информираше дека од трите нови пациенти од Кочани, двајца се во Клинички центар, а еден во болницата „8 Септември“.
-Болниците во Кочани и Штип остануваат без пациенти, како што беше стратегијата да ги повлечеме во Скопје за третман на ниво на терцијерно здравство, рече министерот.
Дополни дека во Скопје има 84 пациенти, а до крајот на денот уште 26 треба да се испратат во други држави: Словенија (4), Хрватска (4), Австрија (6) и Белград (12). Вкупно во Македонија ќе останат 58 пациенти.
-Состојбата е стабилна. Континуирано добиваме информации од сите болници во кои се сместени пациентите, додаде министерот.
Во пожарот што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани животот го загубија 59 млади лица, а над 140 настрадани се згрижени во земјава и странство.
Ново на Сител
-
Две лица убиени во пукотници во Волково
-
Четири пациенти во критична состојба
-
Црвениот крст собрал над 54 милиони денари
-
СДСМ: Истрагата се води селективно
-
Мицкоски: Има обид за злоупотреба на револтот на граѓаните
-
Муртезани: Стигна првата транша од ЕУ
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Славица Арсова, директорка на Клиника за психијатрија