Министерска група за надминување на проблемите во текстилната индустрија

Владата денеска соопшти дека целосно ја разбира сензитивноста во текстилниот кластер и дека ќе продолжи да им помага на работодавачите да ја поддржат спиралата на покачувањето на платите.
Во интерес на изнаоѓање решение кое ќе биде во корист на работниците и на работодавачите, најавува дека ќе оформи министерска група која заедно со текстилниот кластер ќе ги разгледа отворените прашања.
- Веруваме дека ќе дојдеме до решенија. Владата и до сега покажа дека е подготвена да излегува во пресрет на барањата на работниците и работодавците во текстилната индустрија преку покачувањето на минималната плата и преку овозможувањето на активните мерки за директна помош и поддршка за компаниите со цел да се обезбедат повисоки плати. Една од тие мерки е и проектот за поддршка на порастот на платите во трудоинтензивните дејности, во износ од 30 отсто од порастот за оние работодавачи кои ги покачиле платите до 18.000 денари, стои во соопштението.
Ново на Сител
-

Две лица од Крива Паланка, едниот од нив малолетник, физички нападнале службени лица од АХВ
-

Захарова: Европа ќе биде првата жртва ако Зеленски добие нуклеарно оружје
-

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ дава резултат, во понеделник очекувам поевтинување на бензините
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
