Министерство за миграција на Грција: Земјата е штит на солидарност во Источниот Медитеран
Во последните години, Грција се најде во центарот на мигрантската криза, со диспропорционален товар, а земјата секогаш, доследно ги почитува меѓународните обврски, порачуваат од Министерството за миграција и азил на Грција по повод 20 јуни, Светскиот ден на бегалците, јави дописничката на МИА од Атина.
Велат дека земјата ја штити источната граница на Европа, а за мигрантските бранови обезбедува гостопримството и достоинството.
-Ги гарантира правата на вистински прогонетите. Но, пред сè, функционира како штит на солидарност во Источниот Медитеран. Сепак, покрај обврските, нашата земја има и права. Решително да ги заштити своите граници. Да се подигне ѕид на човештвото против инструментализацијата на болката и несреќата, пишува во пораката од Министерството.
Алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос, преку неговиот официјален „Твитер“ профил рече дека Грција има должност да кон човековите права, но и кон нејзината национална безбедност.
-Светскиот ден на бегалците ја нагласува обврската за меѓународна солидарност кон бегалците кои се принудени да ги напуштат нивните домови и земји. Грција, границата на Европа, ја извршува нејзината должност почитувајќи го правото, човековите права, но и нејзината национална безбедност, напиша Кумуцакос.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи