Министерство за одбрана: Американските бомбардери Б-52 со прелетот над Скопје го демонстрираа силното сојузништво во НАТО
Два воени воздухоплова од типот Б-52 на Воздухопловните сили на САД денеска извршија прелет над Скопје, што е уште еден приказ на заедништвото и силното сојузништво во НАТО, како и посветеноста на сите земји членки на безбедноста и стабилноста на евроатлантската област, соопшти Министерството за одбрана.
Во однос на прелетот на двата американски бомбардери, потполковникот Јован Азмановски од Генералштабот на Армијата истакна дека нашето небо е безбедно и нашето членство е повеќе од видливо.
– Граѓаните на Скопје и Северна Македонија денеска можеа да видат прелет на два стратешки бомбардери Б52 од американското воено воздухопловство, коишто го покажуваат нашето членство во НАТО Алијансата, безбедноста и сигурноста над нашето небо и небото над сојузниците, рече потполковникот Азмановски.
Министерството информира дека бомбардерите Б-52 во Северна Македонија влегоа од Бугарија кај Крива Паланка, извршија низок прелет над главниот град, по што македонскиот воздушен простор го напуштија кај Дебар.
Воздухопловните сили на САД во текот на денот ќе извршат прелети и над воздушниот простор на Албанија, Црна Гора и Хрватска.
Ново на Сител
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени
-
Наставник нападнал ученик во Охрид
-
Стоилковиќ: Празнувајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик даваме придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек