Mинистерството за економија демантира дека е дадена дозвола за организирање вечери во угостителски објект
Демант на Министерството за економија на објавен текст на интернет порталот „Фактор“ со наслов: „Игра на зборови за свадбите: Министерот Бектеши дава дозволи за организирани вечери“.
„Со цел за точно информирање на јавноста во врска со објавениот текст на интернет порталот „Фактор“ со наслов „Игра на зборови за свадбите: Министерот Бектеши дава дозволи за организирани вечери“ од страна на Министерството за економија апсолутно го ДЕМАНТИРАМЕ истото и укажуваме дека:
До Министерство за економија како надлежно министерство за развој на туристичко/угостителскиот сектор секој ден пристигнуваат дописи и барања од страна на угостители кои бараат објаснувања или мислење по однос на вршењето на дејноста.
Согласно нашите надлежности и законските прописи ние навремено им даваме одговор на сите согласно нивните прашања.
Во конкретниот случај угостителскиот објект се има обратено до Министерство за економија со барање на мислење на кое од наша страна точно, јасно и прецизно му е одговорено согласно Законот и Протоколите за работа на угостителските објекти за послужување на храна кои се на сила во нашата држава донесени од страна на Владата на Република Северна Македонија.
Односно како одговор од страна на Министерството за економија е наведено дека :
Угостителските објекти за исхрана може да послужуваат храна на гости доколку ги имаат спроведено сите потребни мерки во согласност со Протоколот за отворање и работа на угостителски објекти за исхрана донесен од Владата на Република Северна Македонија.
Во протоколот за работа на угостителските објекти се опфатени начинот на однесување на вработените во ресторанот, начинот на поставување и организирање на просторот за седење, поодделни ограничувања како и забраните за организирање на одредени прослави (свадби, родендени, крштевки и сл.) и организирање на музички настани во отворен и затворен дел на објектот.
Согласно вашето барање, со оглед на тоа дека ќе се послужува храна за гостите во објектот (организирана вечера) вашиот објект може да работи почитувајќи ги сите протоколи со напомена дека секое прекршување на истите ќе биде на одговорност на угостителскиот објект.
Согласно нашиот одговор никаде не е посочено дека истите можат да организират свадби, крштевки и сл. Напротив укажано е дека НЕ смеат да организират такви настани.
Исто така во координација со Државниот пазарен инспекторат сме информриани дека истиот објект по извршен увид е констатирано дека не ги почитувал протоколите и организирал крштевка за што се преземени соодветни мерки и истиот објект е затворен и казнет согласно Законот,“ стои во демантот испратен од Министерството за економија.
Ново на Сител
-

Мицкоски телефонски разговарал со премиерот на Катар за случувањата на Блискиот Исток
-

ЈОРСМ оформи предмет по допрен глас за неправилности при надзорот во ЦСР во врска со трагедијата во Карпош
-

Нов Правилник за лиценци на РКЕ, за трговија и снабдување со струја ќе треба гаранција од 100.000 евра
-

Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка: Уапсен насилник во Кисела Вода
-

Трамп: Иран се обидува да постигне договор, но малку е доцна за тоа
-

Најстудено утрово во Лазарополе
-

ВМРО - ДПМНЕ: Ако Глигоров одбил 100 милиони долари, за колку СДСМ го продаде името?
-

Кина преговара со Иран за безбедно минување на нејзините бродови низ Ормускиот теснец
