Минусни температури утрово само на Попова Шапка и во Берово
На Попова Шапка утрово во 7 часот измерена е снежна покривка од 43 сантиметри. Снег има и на Крушево (27) и во Маврови Анови (26).
Температури под нулата се измерени на Попова Шапка (-4) и во Берово (-3). Следат со нула степени Маврово, Крушево, Гевгелија, Скопје-Петровец, во Демир Капија и Дојран 1 степен, 2 Охрид, 3 Kрива Паланка, Битола, Претор, 4 Куманово Виница, Прилеп, 5 Штип, 6 Тетово, Скопје-Зајчев Рид.
Според УХМР, времето денеска сончево и уште малку потопло со мала локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северен ветер повремено со брзина од над 60 км/ч и ќе биде најизразен вдолж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интрервал од 10 до 19 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност и со умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 17 степени.
Ново на Сител
-

„Гајдата на Пеце“ за Дејан Лазаров од кочанско Оризари, Гран при наградата за ансамблот „Седенка“ од Скопје
-

Молитва на македонски јазик пред вечното почивалиште на Свети Кирил во Рим
-

Филипче: Оставката на Земон е одличен морален чин, СДСМ работи исклучиво за македонските интереси
-

30 дена притвор за возачот на камионот по трагедијата на скопската обиколница
-

Локалитетот Манчевци - музеј на отворено
-

Македонската народна музика и песна два дена ќе ечи во Прилеп и Долнени - започна „Пеце Атанасовски“
-

Преглед на вестите од светот
-

Tема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
