Минусни утрински температури во цела држава
Минисни утрински температури изутрина во 7 часот се регистрирани во цела држава. Најстудено е во Маврови Анови, Берово и Попова Шапка, каде се измерени – 10 степени, по што следуваат со -8 Крива Паланка и со -7 Скопје-Петровец и Струмица. Минус 6 степени под нулата се регистрирани во Куманово и Демир Капија, – 5 во Прилеп, Битола, Штип, Гевгелија и Kрушево, -4 во Тетово, Претор, Охрид и во Дебар, -3 Скопје-Зајчев Рид и Виница, а – 2 во Дојран.
Управата за хидрометеоролошки работи информира дека на Попова Шапка има снежна покривка од 60 сантиметри, во Крушево 54, во Маврови Анови 46, а во Пожаране 16.
Според најавата од УХМР, по ведрото и многу студено време во текот на ноќта и изутрината, во текот на денов ќе биде претежно сончево со слаб ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 5 до 12 степени.Во Скопје, сончево и претежно тивко, со максимална темпетарура до 10 степени
Ново на Сител
-
Трамп ја спореди пресудата на Ле Пен со своите судски процеси
-
Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето
-
Најмногу дожд во Берово и Виница, врнежите продолжуваат и денеска
-
Шкендија длабоко жали за жртвите во Кочани и се оградува од неодговорно однесување на поединечни навивачи
-
Свечена изјава на новите судии од Академијата за судии и јавни обвинители пред Судскиот совет
-
Денеска е први април – Денот на шегата
-
Тројца починати од паднато дрво во бурата во Мичиген, стотици илјади домаќинства останаа без струја
-
САД ја олеснуваат бирократијата за инвеститорите со нов указ на Трамп