Фудбал
12. November 2022 - 19:55

Мирчевски и Доријан Бабунски повикани во националниот тим

Селекторот на македонската А репрезентација, Благоја Милевски дополнително прати повик за Мартин Мирчевски (Бачка Топола) и Дориан Бабунски (Дебрецен) за претстојните контролни натпревари против Финска (17.11) и Азербејџан (20.11). 
 
Двајцата во понеделник ќе се стават на располагање на националниот тим. 
 
Поради повреда, покрај веќе потврдено отсуство на Александар Трајковски, ќе отсуствува и напаѓачот Милан Ристовски.