Миркуловски: Ќе дадеме се од себе за победа против Чешка
Македонската машка ракометна репрезентација вечерва во 20 часот и 30 минути, го игра вториот меч во главната рунда на Европското трвенство во Хрватска во кој противник ќе и биде добро познатиот ривал селекцијата на Чешка.
Еден од најголемите борци во тимот, Филип Миркуловски, ветува и верува во добра партија на македонскиот состав, со или без капитенот Кире Лазаров, кој и покрај повредата од мечот со Шпанија, ќе биде на клупата за мечот со Чешка
- Треба да ги кренеме главите и да одиграме добро со Чешка денеска бидејќи сеуште имаме шанси и сме во игра за полуфинале и висок пласман. Не се знае каква е ситуацијата со Лазаров, и ќе биде голема штета ако не игра. Но кога се мора без секого се може, па затоа ќе треба да дадеме максимум од нашите сили за да стигнеме до победата. Со Чешка игравме пред четири месеци, ги добивме релативно лесно, но, тој натпревар немаше големо резултатско значење, и двете селекции веќе бевме пласирани на Европското првенство. Сега е ситуацијата е сосема поинаква, имаат тројца нови ракометари кои добро ги анализиравме и сметам дека имаме адути на своја страна - изјави Филип Миркуловски во пресрет на мечот со Чешка.
Ново на Сител
-

Менаџерот ја има клучната улога во угостителскиот сектор
-

Во недостиг на ученици започна борбата кај средните училишта кој да запише повеќе ученици
-

Тема на денот со Александар Атанасовски, универзитетски професор
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски - нашите одлуки ја одредуваат нашата иднина
-

Кривични пријави за насилството го преполнија полицискиот билтен
-

Почнува судењето за апелацискиот судија кој во ѕид сокри 350 илјади евра
-

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ си разменија обвинувања – кој е патриот, а кој предавник
