-->
-->
Миркуловски: Утре го играм последниот натпревар за Македонија
-->
Големиот борец и долгогодишен член на најдобрата македонска ракометна репрезентација Филип Миркуловски објави дека утрешниот натпревар против Чешка и дефинитивно ќе биде негов последен во црвено-жолтиот дресот на Македонија.
Македонската селекција ќе има тешка задача во реван дуелот против Чешка да ја анулира негативата од шест гола, а со тоа да го продолжи континуитетот на настапи на големите натпреварување, во случајот Светското првенство во Франција.
По неуспешниот втор обид на оваа селекција да заигра на Олимписките игри, Миркуловски, но и најави дека токму бараж двомочот со Чешка ќе биде последниот за него во репрезентативниот дрес на Македонија.
Тој на својот „Фејсбук’’ профил објави: „Драги мои фанови, почитувачи на македонскиот ракомет, би сакал со сите Вас да споделам дека во среда на 15 јуни го играм последниот натпревар за мојата земја. Изминативе 15 години кои ги посветив на македонскиот ракомет беа незаменливо искуство и гордост со кои ги бранев боите на мојата земја со секоја капка пот, со секој атом енергија, примен удар, шут, пораз, победа, радост, со многу љубов и заложба. Воедно огромна благодарност за сета подршка и љубов, пред се од моето семејство, како и за извонредната соработка со сите гарнитури на управата на РФМ. Се надевам дема ќе ме подржите во мојата одлука и дека во среда заедно ќе го проследиме мојот последен натпревар за кој ќе се заложам по добро да го запаметиме. Желба ми е на генерациите што доаѓаат да им оставам простор да покажат и допринесат за македонскиот ракомет за кој се надевам јас успеав да бидам добар пример. Со срце на терен! За Македонија’’.
Утрешот дуел меѓу Македонија и Чешка ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски’’ со почеток од 20 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Fast Food 7 - принцип за постојан квалитет | Билјана З. Попова | Бизнис приказни | Sitel Podcast 030
-
Пронајдена неексплодирана експлозивна направа во Битола
-
Разбојникот кој ограби казино со автоматско пушка е полицаец
-
Демири: Ако Клиниката за токсикологија не била осигурена, менаџментот треба да преземе одговорност
-
До 30 април на полноќ пријавување на болните и изнемоштените за гласање на изборите на 8 мај
-
Гевгеличанка лажела дека е царински застапник и измамила Грк за 2.000 евра
-
Тошковски: Поддршка до специјалните единици бидејќи тие се првиот столб на заштитата на безбедноста и суверенитетот на државата
-
Пет клучни донатори вложија повеќе од 50 милиони долари во претседателската кампања на Трамп