Мирослав Лајчак избран за претседател на Генералното собрание на ОН

Словачкиот министер за надворешни работи Мирослав Лајчак е избран за претседател на Генералното собрание на Обединетите нации, а таа должност треба да ја преземе на 72. седница на ова меѓународно тело, која ќе почне во септември.
Во Собранието, кое има 193 земји-членки и кое го контролира буџетот на ОН, одекна аплауз кога актуелниот претседател Питер Томсон соопшти дека Лајчак е избран за нов претседател.
Лајчак истакна дека за време на едногодишното претседавање ќе се фокусира на стремежите да се постигне мир и пристоен живот за сите луѓе, спречување судири, медијација, борба против сиромаштијата, миграциските прашања и човековите права.
Тој дополни и дека е време да се реформира Советот за безбедност на ОН и оти тој лично ќе се залага за тоа.
Ново на Сител
-

Власта и опозицијата со нови обвинувања за притворот на Груби
-

Сад и Израел го нападнаа Иран
-

Амбасадата со поддршка за граѓаните
-

Анализа на нападот и одмаздата
-

Македонци од Доха и Дубаи за Сител: Слушнавме експлозии, но засега е мирно
-

Анализа со домашни експерти: Очекувани ли беа нападите меѓу САД и Иран?
-

Случајот во ОУ “Киро Глигоров” е повик за помош да им се помогне на децата кои предизвикуваат заплашување и инциденти
-

Реакции по извештајот на Вајц за напредокот на Македонија
