Мисајловски: Безбедноста во државата е на највисоко ниво

Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска, при посетата на касарната во Велес по повод свеченото давање заклетва на младите професионални војници, изјави дека државата е безбедна и покрај актуелните геополитички случувања во светот.
Одговарајќи на новинарско прашање за глобалните безбедносни предизвици и дали земјата може да се чувствува сигурно, Мисајловски истакна дека, иако постојат постојани геополитички бранувања и нови жаришта во одредени региони, безбедносната состојба во државата е стабилна.
- Да, апсолутно, државата е безбедна. Има постојано геополитички бранувања, но ние гледаме во нашиот дел. Ние сме дел од едно огромно семејство - НАТО, а веќе следниот месец ќе се одржи министерски состанок на алијансата, на кој детаљно ќе се разговара за актуелните случувања. И покрај новите жаришта и внатрешни случувања во одредени региони, можам да потенцирам дека безбедноста во државата е на највисоко ниво - оцени министерот Мисајловски.
МИА
Ново на Сител
-

САД повторно ги ставија на чекање мировните преговори меѓу Украина и Русија поради војната во Иран
-

Хегсет: Трамп ќе ги диктира условите за предавање на Иран
-

Филипче: Да се намали ДДВ-то за горивата од 18% на 5%, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната
-

Инфлација од 2,9 отсто во февруари
-

Осум пријавени настани со семејно насилство, приведени шест лица во Скопје, Росоман, Кичево и Виничко
-

Вработена од ДЗС Кочани: За Пулс не сум добила никаква документација, подрачното одделение Кочани нема инспектор за заштита и спасување
-

Метеж на бензинските, граѓаните брзаат да ги наполнат резервоарите
-

Во Штип одбележани 83 години од депортацијата на Евреите
