-->
-->
Мисајловски и Агелер разговараа за претстојните билатерални консултации во областа на одбраната
-->
Министерот Владо Мисајловски денеска во Министерството за одбрана имаше работна средба со амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер.
Министерството за одбрана соопшти дека на средбата се разговараше за претстојната работна посета на министерот Мисајловски на САД, по повод билатералните консултации во областа на одбраната меѓу двете земји.
Министерот и амбасадорката дискутираа за актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува Европа и НАТО Алијансата како и за идните приоритети во билатералната одбранбена соработка со САД, нашиот докажан стратешки партнер и сојузник, стои во соопштението од МО.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски: Условите на Русија за прекин на огнот покажуваат дека таа земја сака војната да продолжи
-
Приведен скопјанец кој му се заканувал на инспектор од АХВ
-
Јахоски спроведен во „Шутка“ на 30 дневен притвор
-
Одземено возило во Кавадарци поради создавање бучава | ВИДЕО
-
Шест лица повредени во сообраќајка во Куманово, меѓу нив и четворица полицајци
-
Во Словенија и Хрватска издадени предупредувања за невреме
-
Директорот на Ферари: Хамилтон ќе биде конкурентен и тоа многу наскоро
-
Приведен криминалец баран со потерница