Мисајловски: Власта доби црвен картон од народот, затоа потребни се избори веднаш

Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови. Ако се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика, пишува на својата Фејсбук страница потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски.
-Потребни се брзи избори. Победивме во 42 општини, плус градот Скопје. Разликата на советничките листи во првиот круг од изборите споредено со СДСМ е повеќе од 55 илјади гласови. Ако се земат првиот и вториот круг во предвид разликите со кои ВМРО-ДПМНЕ победи тогаш доаѓаме до 110 илјади гласови разлика. Власта е делегимитирана и доби црвен картон од народот, затоа се потребни избори веднаш, пишува во својата објава Мисајловски.
Ново на Сител
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
-

Кобен јули за истокот, пожари, па невреме
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
