Мисајловски во посета на Општина Гази Баба

Денеска имаме една убава шанса и можност да посетиме повеќе населени места тука во Општината Гази Баба.
Разговаравме со многу граѓани, разговаравме на сите реални теми. Бевме во Црешево, бевме во Виниче. Тука сега сме во Инџиково, во Питу Гули. И во други населени места каде што можевме да слушнеме од граѓаните многу проблеми. Но и она што се случува во изминативе три години.
Граѓаните се незадоволни од ова што се случува, се револтирани од многу причини. Не само во оние ресори каде што власта секој ден слушаме какви прави погубни политики, но и она што најмногу го одземаа на граѓаните, а тоа е идентитетот она македонското во сите нас.
Гази Баба е Општина каде што си ја сака Македонија. Каде што се борат за Македонија и ќе продолжат тоа да го прават и во иднина, и секогаш ќе го прават. Они се бунат на неправдата, се гневни на тоа што се случуваше. И гневни се на сите политики на Заев, но и на сите министри од Владата на СДСМ но и од Коалицијата.
Можеме да видиме дека тука реалните проблеми се заборавени. Може да видиме дека нема капитални проекти, дека нема нови уличка, дека нема ниту еден багер, нема нешто да се сработи во општината.
Затоа разговараме да ги слушнеме граѓаните и во нашата програма тоа да го ставиме.
Да се потрудиме се она што ќе го ветиме во иднина да го реализираме бидејќи ВМРО-ДПМНЕ е брендот каде што навистина утре ќе им помогне на граѓаните.
Затоа ќе се бориме, затоа насекаде во Република Македонија ќе допреме до сите граѓани да имаме средби, да направиме една голема победа во Република Македонија каде што потоа они сите ќе видат дека ги решаваме нивните реални проблеми.
Затоа и конечно на 12-ти април да ги тргнеме од власта и да дојде една свежа, нова позитивна енергија и се разбира со преродба односно со нови проекти и програма за Република Македонија.
Ново на Сител
-

На ГП „Блато" приведен албански државјанин баран со меѓународна потерница
-

Лажно се претставил како лекар и измамил 67-годишна жена за 12.400 евра.
-

Макрон, Мерц и Стармер го осудуваат „убиството на демонстранти“ во Иран
-

ЦУК: Обилните врнежи од дожд предизвикаа одрони, свлечишта и поплави на повеќе места во државава
-

Родригез: Венецуела ќе се спротивстави на агресијата на САД преку дипломатски средства
-

18 годишникот кој усмрти жена кај ТЦ Беверли Хилс заедно со неговиот татко избегал од државата
-

Партиите од Гренланд: Не сакаме да бидеме Американци
-

Австралија се бори со најлошите шумски пожари од „Црното лето“
