Мишел: Фармацевтските компании мора да ги исполнат договорите
Претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел денеска изјави дека ЕУ ќе ги принуди фармацевтските компании да ги исполнат договорите за испорака на вакцини со земјите на ЕУ, но исто така призна дека европскиот блок тешко ќе ја исполни својата цел за вакцинирање на 70 проценти од возрасната популација до крајот на летото.
Тој за француското радио Еуроп-1 рече дека ЕУ планира да ја принуди фармацевтската индустрија да ги почитува потпишаните договори.
Сепак, со оглед на логистичките предизвици и бавната вакцинација во ЕУ досега, Мишел посочи дека ќе биде тешко да се исполни целта на Европската комисија до крајот на летото да се вакцинира 70 отсто од возрасната популација.
ЕУ склучи шест договори за вакцини за повеќе од две милијарди дози, но само вакцините на Фајзер-Бионтек и Модерна досега се одобрени за употреба.
Европската агенција за лекови во петок треба да разгледа дали да одобри употреба на вакцината на Универзитетот Оксфорд и АстраЗенека.
Ново на Сител
-
Од 5.5 до 138 % - струјата во секој блок поскапува за различен износ
-
МИ: Ракометарите промашија пенал за победа над Алжир
-
Пратениците ќе работат до полноќ – вечерва ќе се одлучува за пензијата на судиите и обвинителите
-
Тема на денот со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски
-
Законот за работни односи, денеска го одложи изборот на јавни обвинители
-
Експерти - во Македонија царува корупција во урбанизмот
-
Кокинакис без шанси против Ѓоковиќ
-
МИ: Златен медал за Нуров бронзен за Егоров