Мисијата на ОБСЕ во Скопје и ДКСК склучија договор за партнерство
Во насока на зајакнување на антикорупциските политики и активности во Северна Македонија, Мисијата на ОБСЕ во Скопје и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска потпишаа Меморандум за разбирање.
Во рамки на овој договор, Мисијата ќе обезбеди помош за откривање и справување со ризиците од корупција, промовирање на антикорупциските политики засновани на докази и зајакнување на системот за интегритет во Северна Македонија.
- Преку нашето партнерство со Комисијата, сакаме да ги зајакнеме превентивните механизми преку унапредување на соработката помеѓу институциите вклучени во борбата против корупцијата. Ние веруваме во правично општество каде што индивидуалниот интегритет и личните квалификации се единствените одлучувачки фактори, рече Килијан Вал, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Договорот потпишан денеска се надоврзува на долгогодишната соработка помеѓу Мисијата и ДКСК. Мисијата помогна во воведувањето на новиот систем за интегритет преку новиот Закон за спречување на корупцијата, механизам кој обезбедува етичко однесување на носителите на функции, избраните претставници, како и административниот персонал во јавниот сектор.
- Во последните години, Мисијата на ОБСЕ во Скопје беше значаен партнер на Комисијата и другите национални тела во борбата против корупцијата. Верувам дека заедно можеме да придонесеме за намалување на корупцијата и враќање на довербата на граѓаните во институциите преку зајакнување на интегритетот и подобрување на националното законодавство“, изјави Билјана Ивановска, претседателка на ДКСК.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст