Мистериозен звук ги вознемирува жители на едно канадско село

Жителите на зафрленото село Иглулик во северна Канада веќе со месеци ги вознемирува необичен звук од дното на Артичкиот Океан.
Развиени се дури три теории за можното потекло на звукот, а на крај се вмеша и војската за да ја реши мистеријата.
Како што јави Си-Би-Си, звукот кој некои го опишуваат како звук на сонар, некои како свиркање, а некои како зуење, се слушал цело лето и судејќи според описите, поттекнува од регионот на околу 120 километри северозападно од Иглулик.
Инуитите, кои ловат во таа област, тврдат дека непријатниот звук ги истерал и животните.
Според една теорија виновник за мистериозниот звук е рударската корпорација „Бафиноланд Ајрон Мајнс“, која наводно со сонари ја пребарувала областа, но компанијата ги демантира ваквите тврдења.
Според друга теорија, „Гринпис“ намерно произведува звуци за да ги плаши морските цицачи, што ги ловат Инуитите. Но, оваа организацијата за заштита на животната средина негира дека правела нешто такво.
Третата теорија е дека звуците ги произведуваат подморници кои во тајност крстосуваат низ околните води, но канадското Министерство за одбрана ја исклучува оваа можност.
- Министерството за одбрана е информирано за необичните звуци и канадските Вооружени сили преземаат чекори за да ја испитаат состојбата, се наведува во соопштението.
На само 70 километри од Иглулик се наоѓа активна воена база.
Ново на Сител
-

Приведен 29-годишник од демиркаписко, се заканувал кон сопругата и го нападнал својот татко со тврд предмет
-

Кавадарчанец пријавил пукање кон неговиот дом, оштетен бил ѕидот
-

Променливо облачно време со дожд, на планините снег и заладување од недела
-

ЗОИ 2026: Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот
-

Нивото на водата на Охридското Езеро 16 сантиметри над февруарскиот просек
-

Хероин пронајден при претрес во Гостивар, уапсен 69-годишник
-

Мета и Гугл обвинети дека намерно создале зависност кај младите корисници
-

Позната причината за смртта на Кетрин О’Хара
