Живот
8. April 2019 - 11:34

Мистериозна бучава и вибрации ширум Америка: Луѓето се очајни, темелите на куќите им се рушат, никој не знае што се случува

Жителите на градот Кантон во Америка пријавиле дека се чувствуваат чудно, поради необјасниво зуење. Чудни звуци и натаму ги вознемируваат граѓаните, а за мистериозните звуци доѓаат дојави од сите краишта на светот.

Звукот (или вибрацијата) е доволно силна што предизвикува треперење на водата во чаша, а во некои случаи ги руши и темелите на куќите. Што би можело да биде причината за толку силни вибрации ширум Мичиген: Засега, постојат многу малку теории. Се чини дека овој феномен сега најмногу е сконцентриран на Кантон, западно од Детроит.

Геолошкиот завод на САДпотврди дека немало сеизмички активности во тоа подрачје кое би можело да ги објасни вибрациите или зуењето. Градските официјални лица само претпоставуваат дека тие би можеле да бидат производ на некој мистериозен потрес и дека таа бучава е дури поврзана и со блиската депонија или дури со прометот на локалниот автопат И-275.

Меѓутоа, жителите на Кантон не веруваат ниту во едно од тие објаснувања и велат дека таинствената вибрација звучи поинаку од вообичаените индустриски звуци и дека во последно време се се почести. Долгогодишниот жител на Кантон Меки Хаувел вели декаво своите 20 години живот во градот слушнал и почувствувал вибрации од локалните транспортни артерии, но дека овој звук е сосема поинаков.

„Ги познавам звуците: авиони, возови, автопатишта...но ова е нешто сосема друго. Тоа е вознемирувачки. Сликите ни паѓаа од ѕидовите.

Многу жители на Контон се сложуваат со Хаувел дека последните недели бучавата е се погласна. Некои луѓе дури и пријавиле дека во ушите чувствуваат промени на притисокот во исто време кога ја слушаат и чувствуваат таинствената вибрација. Целата приказна потсетува на минатогодишната ситуација во градот Виндзор (Онтарио, Канада).