-->
-->
Мистериозна река: Почнала да тече во спротивна насока, луѓето веруваат дека тоа е лош знак!
-->

Силниот земјотре кој ја погоди источна Јапонија предизвика цунами, помало од што се очекуваше но сепак бранови доволно големи да предизвикаат необична појава - реката Сунаоши почнала да тече во спротивна насока.
Жителите на градот Тагајоа оваа ретка глетка ја снимиле од своите балкони. Источниот брег на Јапонија беше погоден од земјотрес со јачина од 7,4 степени според Рихтер, а наместо најавените бранови со висина до 3 метри, брановите достигнале само до еден метар височина.
Неколку десетина луѓе се повредени, а неколку стотици се евакуирани по силниот земјотрес. Многу луѓе веруваат дека реката која тече во спротвна насока е лош знак.
Геолошкиот инситут на САД објави дека земјотресот, кој по локално време се случил во раните утрински часови бил на околу 67 километри североисточно од Ивакиј, на длабочина од 10 километри.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Европските реки се сушат: Има ли ризик за македонската струја?
-

Пеколни горештини во земјата – Избегнете ги здравствените ризици
-

СДСМ бара одговорност за водата во Гостивар, ВМРО-ДПМНЕ обвинува - Филипче со години молчеше за небезбедна вода
-

Нови обвинувања за францускиот предлог
-

Готов е извештајот за 19-годишната родилка која остана неподвижна по царски рез
-

Новиот директор на ФЗО Златко Перински бара начини како да се спречи злоупотребата на долгите боледувања
-

Државата бара 41 милион евра преку издавање обврзници, опозицијата обвинува - Буџетот е празен
-

Сител зад сцената: На генерална проба на музичко-сценскиот перформанс за 35 години независна Македонија
