Балкан
30. January 2016 - 10:54

Мистериозна смрт на момчето: Отишло да работи во Сутоморе, го вратиле во ковчег

Милош Бабиќ (20) е пронајден мртов на 25 јуни минатата година на терасата од изнајмениот стан во Сутоморе. Од тогаш на неговото семејстов никој официјално не им се обратил, а тие не се откажуваат од потрагата по вистината за смртта на нивниот единец.

Милош со својата девојка на 9 мај, дошол да работи како сезонски работник во едно кафуле. Со мајката последен пат се слушнал на 23 јуни и и рекол дека се е во ред, а два дена подоцна е пронајден мртов.

-Дојдовме во Србија од Книн кога Милош имаше само 3 месеци. Ја преживеавме „Олуја“ и сите маки, а детето ми настрада во трета земја, ниту знам како ниту кој и зошто го убил, вели мајката на настрадното момче.

На 25 јуни тој е пронајден во локва крв на терасата. Додека стигнала брзата помош од Бар, несреќното момче им подлегнало на повредите, а било избодено во срце и во стомак.

-Имаше и две исеченици на раката. Лежеше на грб, а покрај него е пронајден мож. Во левата рака држеше крст, привезок од ланчето кое секогаш го имаше на себе. До ден денешен, добивме само копија од извештајот од увидот. Се обидовме работата да ја убрзаме преку амбасадата, барем обвинителот нешто да ни одговори, но ништо од тоа. Почнаа нивните годишни одмори и ете така поминаа седум месеци!.

На Милош му е исчезнат и куферот, часовникот и парите. Неговите родители сега можат само да нагаѓаат дали станува збор за грабеж или некаков судир.

-Прво слушнавме дека е пронајден на фотеља на терасата, а според извештајот на МВР најден е легнат на терасата. Потоа слушнавме дека се шпекулира за можно самоубиство, но тоа е лудо. Ножот е пронајден покрај неговата лева рака во која држел крст, а десната му беше целосно испружена, вели мајката на несреќното момче.

Се обиделе да разговараат и со девојакта на Милош, но без успех:

-Сања наводно, била на работа кога тоа се случило. Меѓутоа таа одбегнува секој контакт со нас. Дури и го смени бројот од телефонот и не дојде да ни изјави сочуство. Тоа е мислам човечки, објаснува мајката Тања.

Маката да биде поголема, веста за смртта на Милош ја дознале од роднини.

-Некој инспектор му се јавил на другарот на Милош, чиј број веројатно бил во неговиот телефон. Тоа момче потоа раскажуваше низ Остружница како Милош е убиен. Тоа стигна до мојата јатрва. Жената се шокираше, но не сакаше да ни каже додека не и потврдија. Се јавила во полиција и откако и потврдиле, дојде и ни кажа. Никој нам како родители не ни се обрати, вели очајната мајка.

Таткото на Милош, Ненад отишол да го преземе телото, и разговарал со мештаните од Сутоморе кои го познавале неговиот син и тие имале само пофални зборови за момчето, но не му дале некоја конкретна информација за смртта.

-Нашиот Милош беше добро дете, студираше Вишо електротехничко училиште. Паралелно работеше и за некој динар за себе. Беше верник, пливаше за Богојавление 2013 и 2014 година. На крајот умре со крстот во рака. Можеби сакаше да испрати некоја порака, да ни каже дека некој го убил. Би ни било полесно ако конечно ја дознаеме вистината.

-Милош го сакаше морето и сакаше и да одмора и да работи. Прво со девојакта живееше кај газдата од кафулето во кое работеше, а потоа изнајмија стан во викендичката каде подоцна е убиен. Требаше и братот на Сања да им се придружи. Меѓутоа од полиција дознавем дека по пораките од телефонот на Милош се гледа дека тој и Сања се скарале. Кога го добив неговиот телефон, немаше никакви пораки, вели неговата мајка Тања.