Живот
10. July 2017 - 17:44

Мистериозни убиства во популарното одморалиште: Полицијата пронајде паркиран автомобил и во него хорор

Во еден автомобил на паркинг во мексиканското одморалиште Кабо Сан Лукас се пронајдени тела на три лица убиени со огнено оружје, соопштија мексиканските власти.

Полицијата во неделата наутро по локално време пронаде тела на двајца мажи и една жена и тоа во централниот дел од одморалиштето.

View image on TwitterЛокалните медиуми пренесоа дека едно тело е пронајдено на седиштето во автомобилот „тојота“ со зелена боја, а другите две тела биле во багажникот.

Сите три жртви се убиени со огнено оружје, со траги од мачење, додаваат мексиканските медиуми.