Кошарка
9. July 2015 - 14:17

Митрашиновиќ замина во Челик

Најдобрата македонска кошаркарака последните неколку сезони и репрезентативка на Македонија Анџелика Митрашиновиќ замина од редовите на македонскиот првак Бадел и следната сезона ќе игра за екипата на Челик.

Митрашиновиќ ќе настапува за првакот на БиХ и во рамките на МЖРКЛ, а лани во дресот на Бадел во ова натпреварување имаше просек од 18,2 поени и беше најдобар стрелец.
За македонската репрезентација дебитираше во 2012 година, а лани во рамките на квалификациите за ЕП 2015 имаше просек од 7,8 поени.