Митревски: Никогаш не сум бил член на Синдикатот на УПОЗ
Претседателот на ССМ Живко Митревски преку соопштение информира дека никогаш не бил член на Синдикатот на УПОЗ, ниту има намера да биде член во овој синдикат бидејќи, како што наведува, е член и претседател на Синдикатот на шумарство, дрвна индустрија и енергетика.
- Оттаму, комично звучи фалсификувањето на вистината и обидот да се дезинформира јавноста дека претседателот бил исклучен од синдикатот на УПОЗ, вели Митревски во соопштението.
Тој додава претседателот на УПОЗ треба под итно да поднесе оставка бидејќи, како што вели, успеал да го сруши еден од најреномираните синдикати.
- Во услови кога нема никаква идеја како да го води овој синдикат, да потпише колективен договор и да издејствува некое работничко право, најдобро е под итно да си поднесе оставка и да покаже малку морал и доблест со оглед на тоа што истиот има навршено 64 години и неколку месеци и да го напушти ова место овозможувајќи да дојде некој помлад кадар, а не да се бори да го продолжи својот мандат до 70 години, вели Митревски.
Тој истакнува дека како претседател на ССМ заедно со 13-те претседатели на гранкови синдикати се фокусирани на решавање на синдикалните проблеми, водењето на кампања за регресот за годишен одмор и на заштитата на работничките права.
Ново на Сител
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација
-
„Дали знаете колку опожарени возила има на припадници на затворските полицајци?“, синдикатот на затворската полиција со отворено писмо до Пандов
-
Стојковски: Стигнати повеќето лекови на Онкологија, во најбрз рок уште два лека