Македонија
24. May 2024 - 16:38

Митрополит Петар: Се покажа дека прашањето на МПЦ не е црковно туку политичко

Нарушена е соборноста на црквата, а православието во страда од голем национал-шовинизам, ова денеска го потенцираше Митрополитот Петар на одбележувањето на празникот на Светите Браќа Кирил и Методиј. Според Митрополитот Петар не само што едни православни цркви не сослужувале со други, туку и внатрешно во црквите започнале поделби по разни основи помеѓу архиереите.

„Повеќето цркви не сослужуваат едни со други, а во најново време се гледа и поинаку. Се служи или не се служи со одредени епископи и во самите цркви бидејќи една црква донела одлука дека не ја признава другата и не сака да сослужува со неа. Треба православието во денешно време да се гледа според учењето на црквата, а не според симпатиите кон одредени народи или цркви“, истакна Митрополитот Преспанско Пелагониски, Г. Петар.

Митрополитот Петар рече дека во овој моемнт папизмот од западот се сакал на одреден начин да се ископира на истокот кај православните што не било во ред.

„Ако некој се постави над другите веќе тука е она дека тој гледа само лични интересил, тука се нарушува соборноста на црквата, ако се чувствуваме сите еднакви тогаш ја изразуваме соборноста, а ако не сме еднакви тогаш нема соборност“, додаде Митрополитот Петар.

Пред неколку денови Архиепископот Стефан истакна дека трите предлози дадени од Фанар за добивање на Томос на МПЦ, не биле прифатливи за нашата црква. Спорев Владиката Петар овие барања од Цариград само уште еднаш потврдиле дека прашањето за добивањето на Томос за нас било само политички, а не каконско.

„Ете сега веќе доаѓа до израз дека нашето прашање за црквата ме било црковно туку било политичко и ден денеска ос нас не се бара, не се кажува, не се тврди дека имаме било какви проблеми со каноничноста на црквата или со верата и учењето туку исклучиво од нас се бара да се откажеме од нашиот идентитет“, потенцираше Митрополитот Петар.

Во моментов добивањето на Томос од Цариград останува отворено прашање се до надминувањето на различните ставови.