Македонија
9. January 2020 - 12:22

Мизрахи: Нема да дозволам некој да го обележи овој народ како антисемитски

Дали ќе бев обележана ако бев Србинка, Турчинка, Влаинка... праша техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизрахи, како одговор на навредите на социјалните мрежи.

Таа рече дека нејзината татковина е Република Македонија, а овој народ е нејзин народ и нема да дозволам никој да го обележи како антисемитски, додаде Мизрахи и рече дека за време на втората светска војна изгубила 83 членови од нејзината фамилија биле однесени во Треблинка и убиени. Името го носела по нејзината тетка која имала иста судбина.

Александар Динев