Мизрахи: Во овој момент е небулозно да се зборува за онлајн матура, затоа што таа нема да има никаков ефект

Маски и ракавици државата треба во овој момент да има не само за медицинските работници, туку исто така и за полицијата и за војската. Доколку веќе е воспоставен кризен систем, би требало да ги заштитиме оние кои се на прва линија на одбрана, но и целокупното население. Треба да се пресмета колкав број на ракавици и маски се потребни секојдневно за секое лице. Хируршките маски имаат максимално времетраење од два дена, вели поранешната министерка за социјала и труд во техничката влада, д-р. Рашела Мизрахи.
Официјалниот став на ВМРО-ДПМНЕ околу образовниот систем пак, вели таа е предлог за укинување на матурата оваа година.
-Имајќи впредвид дека може да настанат системски компликации, бидејќи сепак децата изостануваат од училиште еден извесен период. Онлајн учењето неможе во целост да се спроведе бидејќи сите деца не се оспособени со ајти комуникација, особено оние од социјално – ранливата категорија на семејства. Мислам дека оваа година матурата треба да се изостави. Сметам дека тоа треба да се направи со некава уредба. Во овој момент е небулозно да се зборува за онлајн матура, затоа што смеатам дека истата нема да има никаков ефект, вели Мизрахи.
Ново на Сител
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
-

На бизнисот потребен му е стручен кадар, со знаења и вештини, не само дипломи
-

Анализа: Како да се намали бројот на кучиња скитници?
-

ЛКМ со историско катче кое содржи медицинска опрема од пред 100 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ - Западен Балкан во Тиват
