МКЦ ќе добие голем мурал од ликовната група Зеро
Надворешниот ѕид на кино Фросина во Младинскиот културен центар - Скопје ќе добие голем мурал изработен од ликовната група ЗЕРО.
Муралот ќе биде со димензии 7,8 х 7,6 метри, односно со вкупно површина од 60 м2.
Официјалната промоција на муралот, како што информираат од МКЦ е на 7 септември, како сегмент од одбележувањето на 25. години независна Македонија.
Групата „0“-Зеро, во 80-тите години на 20 век претставува парадигма за вонинституционално генерациско дејствување на македонската ликовна сцена. Ликовна група во состав Александар Станкоски, Беди Ибрахим, Златко Трајковски, Синиша Цветковски, Зоран Јаневски, Роберт Михајловски, Горанчо Ѓорѓиевски, Стефан Шашков и Владо Манчевски - Марсо, како и Перица Георгиев - Пепси и Миодраг Десовски – Мишко, кои повеќе години се вон Македонија, пред 30-ина години го наслика култниот мурал во холот на МКЦ.
Покрај овој мурал, ликовната група ЗЕРО во исто време, додека го создава муралот на надворешниот ѕид од киното Фросина, ќе го реставрира и веќе постоечкиот нивни култен мурал во холот на ЈУ МКЦ, кој исто така, ќе биде заштитен и осветлен со соодветна светлосна опрема со што во иднина ќе претставува постојана, трајна изложба, за што е и првично создаден во средината на 80-тите.
Ново на Сител
-
Белата куќа: Секоја земја која неправедно постапува кон САД ќе биде цел на дополнителни царини
-
Иванова второпласирана на велосипедскиот маратонот во Камбрилс
-
Од 14 април почнува заедничката гранична контрола на граничен премин Долно Блаце-Елез Хан
-
Реакции поради пресудата за Марин Ле Пен
-
Забрана за сообраќај на возила на грчкиот остров Парос поради силното невреме
-
Кривична пријава против полициски службеник за оддавање службена тајна
-
ФФМ отвори постапка поради нечовечкото однесување на навивачите на ФК Шкендија
-
Маск ја осуди одлуката на Францускиот суд против Марин Ле Пен опишувајќи ја пресудата како „злоупотреба на правосудниот систем“