-->
-->
Млад кумановец загина во сообраќајка
-->
Млад кумановец загина, а друго лице е повредено во сообраќајна несреќа што се случи два и пол часа по полноќ, на улицата „Тоде Думба“ во поширокото централно градско подрачје, соопшти денеска СВР Куманово.
Автомобилот „пежо“ во кое се возеле двајцата, удрило во ограда и паркирано возило.
– Утрово во 02:36 часот на улицата „Тоде Думба“ патничко моторно возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки во кое се превезувале 26-годишниот П.П. и 29-годишниот Н.С. удрило во ограда и паркирано возило.
На местото на несреќата починал П.П. Лекар од Итната медицинска помош Куманово констатирал смрт, соопштија од СВР Куманово.
Докторите од кумановската болница констатирале телесни повреди кај Н.С. Екипа на кумановската полиција извршила увид.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Убиство во Тетово
-
Алтернатива ќе избира претседател на партијата
-
Четврто собрание на Алијансата на Албанците
-
Хамас го прифати предлогот за преговори за ослободување на израелските заложници
-
Евакуирани речиси 5800 луѓе поради пукање на брана во Кина
-
Бајден: Само Господ може да ме отстрани од претседателската трка
-
НАТО и името на „координацијата за меѓународната безбедносна помош“ за Украина
-
Сончево и топло, температура до 36 степени