Млада Британка на умирање, добила дозвола да биде смрзната за некогаш да оживее

Една 14-годишна британска тинејџерка непосредно пред да почине, добила судско право да биде смрзната според специјална постапка, за потоа, во некое далечно време, да биде оживеана.
Вишиот суд во Лондон пресуди да се исполни ваквата последна желба на младата девојка, што е прв таков случај во британската правна постапка, но и како историски момент за правото, медицијата и науката воопшто.
Девојката почина од рак минатиот месец, но претходно, прво известувајќи ги родителите, таа од Вишиот суд побарала да и дозволи да може да „оживее“ некогаш во некое идно време кога можеби лесно ќе се лекува нејзината сега неизлечивата болест.
- Сакам да живеам подолго, па нека биде тоа и по стотина или повеќе години, му рекла неизлечиво болната тинејџерка на судијата кога ја посетил за од неа да земе службена изјава.
Со судската одлука, телото ќе и биде криогенетички замрзнато, со надеж дека еден ден, можеби, ќе биде одмрзнато и оживеано.
Сите лондонски медиуми на случајот и на пресудата на Вишиот суд му посветуваат голем публицитет, при што дел од нив го оценуваат како контроверзна постапка.
„Девојката доби право за да се врати од мртвите“ пишува „Дејли Телеграф“ додека „Дејли Мирор“ искажува дилеми околу она низ што го поминале и низ што сега минуваат нејзините родители.
„Идејата на нивната ќерка да биде механички замрзната, потоа оствена на Земјата, до некое далечно време во иднината, кога ќе може да биде разбудена, но без родителите, најблиските, без семејство и пријатели- делува застрашувачки“, пишува „Дејли Мирор„.
Весниците сепак се согласуваат дека родителите кои се разведени, прифатиле да ја почитуваат последната желба на својта ќерка, верувајќи дека таа некогаш можеби и ќе може да се оствари.
Со пресудата на Вишиот суд стриктно е забрането да се спомене идентитетот на девојчето, како и на нејзните родители и блиски.
Медиумите во Лондон откриваат дека ваквата постапка, за можно евентуално оживување, станува интересна во светот на славните, па „Тајмс“ открива дека пејачката Бритни Спирс и прославениот тв водител Лари Кинг изразиле желба да бидат длабоко замрзнати, за некогаш да може да оживеат.
Ново на Сител
-

На Тајван поради тајфунот Бави евакуирани над 14.000 луѓе
-

Зеленски формира посебна команда за длабоки напади врз Русија
-

Во Сребреница ќе биде одбележана 31-годишнината од геноцидот над Бошњаците
-

Премиерот Мицкоски во посета на Охрид
-

Стабилно и топло време, утре услови за локална нестабилност
-

Украина го обвини Меѓународниот олимписки комитет за лицемерие
-

Синер без загубен сет го совлада Ѓоковиќ за финале на Вимблдон
-

Трамп: Иран бара продолжување на преговорите, ние се согласивме, но предупредуваме дека прекинот на огнот е завршен
