-->
-->
Младата битолчанка Софија Бејковска сама го преплива Охридското Езеро
-->

Софија Бејковска-Чачоровска, 29-годишната професорка од Битола, синоќа успешно пристигна на целта во Охрид, откако сама, после десет и пол часа поминати во вода го преплива Охридското Езеро во должина од 30 километри.
Таа тргна од „Св.Наум“ и, бодрена од голем број луѓе успеа да стигне на целта.
Бејковска-Чачоровска е рекреативен пливач, а овој подвиг го направи за да укаже дека е неопходно и Битола да добие затворен базен.
Таа во Охрид беше пречекана од сопругот, нејзиниот татко и личниот тренер, како и од голем број луѓе кои знаеја за нејзината мисија. Иако преморена, таа се исправи на нозе после испливаната маратонска должина во езерото.

– Збунета сум сега. Болката во мускулите е голема, но радоста е уште поголема. Желба ми беше уште како дете да го препливам Охридското Езеро, чисто за да кажам дека во Битола ни треба затворен базен за да можеме некогаш да оствариме добри резултати, рекла таа за Охрид њуз.
Повеќе фотографии и информации за подвигот на 29-годишната битолчанка се објавени на охридскиот портал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голем руски ракетен напад врз Киев, најмалку 14 лица загинаа, а 22 се повредени
-

Сончево и многу топло
-

Јанчев: По три дена непрекината, макотрпна и пожртвувана работа, пожарот во село Раец е целосно изгаснат
-

Пад на цените на нафтата
-

Николоски: Македонија бележи рекорди во авио-сообраќајот, само во еден месец македонските аеродроми опслужиле над 460.000 патници
-

ЦУК: До 18 часот 14 пожари на отворен простор од кои само еден е активен
-

Косово бара од ЕУ да изврши притисок врз Србија за спроведување на Декларацијата за исчезнати лица
-

Тошковски: Водата во Гостивар сѐ уште не е безбедна за пиење, смее да се користи исклучиво како техничка
