Свет
3. February 2017 - 8:31

Млади муслимани планираат протести во Виена против забраната на бурките

Млади лица од муслиманската заедница во Австрија за утре планираат протест во главниот град Виена против плановите на Владата за забрана на носење бурки на јавни места, пренесе ТАСС.

Повикот за демонстрации беше упатен на Фејсбук од организациите „Муслиманска младина““ и „Обединување на муслиманското граѓанско општество“.

Австриската Влада предвидува воведување на забраната за носење на бурките или исламските шамии на јавни места.

Прекршувањето на ова забрана ќе се казнува со парична казна од 150 евра. Мерките се дел од предлог законот за интеграција, што во понеделеник ќе се разгледува во австрискиот Парламент.