Млади скопјани заработија кривична пријава за убиство во обид
Секторот за внатрешни работи Скопје, до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесе кривична пријава против К.М. (22) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „убиство во обид“ и едно кривично дело „насилство“ и против Ф.С. (20) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 26.07.2018 година околу 23:00 часот на фудбалското игралиште во село Миладиновци со патничко возило пристигнале четири малолетни лица Е.К., Е.К., Е.Е. и Е.Д.. Откако излегле од возилото, К.М. се доближил до Е.К. и почнал да му се заканува. Потоа, тој го повикал Ф.С. и уште десеттина непознати лица и физички ги нападнале малолетниците. Е.К., Е.Е. и Е.Д. успеале да избегаат со моторното возило во домот на Е.К. и го известиле неговиот татко Б.С. дека биле физички нападнати. Потоа, сите заедно со истото возило се вратиле кај фудбалското игралиште. Кога излегле од возилото, кон нив тргнала поголема група и притоа, К.М. го нападнал Е.Е. удирајќи го со метална шипка во пределот на главата. Второпријавениот Ф.С. заедно со другите лица физички ги нападнале Е.К., Е.Е. и Е.Д., Е.К и Б.С.. Нападнатите успеале да избегаат со возилото, по што отишле во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје каде им била укажана лекарска помош. Кај Е.Е. била констатирана тешка телесна повреда, додека кај Е.Д. и Е.К. биле констатирани телесни повреди. Набргу потоа К.М. и Ф.С. биле лишени од слобода.
Ново на Сител
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига
-
Црвена ѕвезда ја освои АБА лигата
-
Одбележување на Денот на македонските пожарникари - 20 Мај
-
Во Мексико девет лица загинаа во два напада врз кандидати за локалните избори