Младинските организации како дел од Берлинскиот процес - расправа во Комисијата за европски прашања

авна расправа на тема „Младинските организации како дел од Берлинскиот процес“ се одржа денеска во собраниската Комисија за европски прашања.
Претседателот на Комисијата Артан Груби го потенцира значењето на Договорот за основање на регионална канцеларија за младинска соработка, со кој со трасира патот за основање на институционален механизам за регионална соработка на граѓанското општество и се промовира мобилност, активно граѓанство и интеркултурно учење во духот на процесот на европската интеграција.
Договорот е ратификуван од Собрание, а произлегува од Заедничката декларација за основање на Регионална канцеларија за младинска соработка, популарно наречена RYCO, потпишана 2015 година во Виена, како дел од т.н. Берлински процес.
Воведни обраќања на темата имаа директорот за млади и спорт Дарко Каевски, амбасадорот на Италија Карло Ромео, на Велика Британија Чарлс Гарет, амбасадорката на Австрија Рената Коблер и претстваникот на амбасадата на Франција Себастијан Ботро Бонетер.
Во дискусијатата учество земаа пратениците Ивана Туфегџиќ и Никола Поповски, како и претставниците на младинските организации Блаже Малески, Дона Костуранова, Мартин Милошески, Матеј Маневски, Александра Филипова, Бојана Наумовска, Ѓоко Вукановски, Симона Младеновска и Бујар Лима.
Во расправата беше искажано задоволство од вклученоста на младите во рамките на Регионалната канцеларија за младинска соработка со седиште во Тирана, како и за потребата од поголема поддршка за работата на младинските организации, во рамките на органите и државните институции во земјата.
Ново на Сител
-

Самарџиски во стручниот штаб на младинската кошаркарска репрезентација
-

Од денеска почнува исплатата на К-15: Mинималниот износ 19.116 денари
-

УХМР најавува невреме утре и во петок, од сабота стабилизација на времето
-

Уапсен тетовец кој фрлал вреќи со отпад во реката Пена
-

Сотир Лукровски: Само оние кои не ме познаваат може да поверуваат дека сум се откажал, се враќам со нова енергија
-

Иран контра Трамп: Нема средба со американските претставници во Доха, туку само со катарски
-

СП 2026: Мексико осминафиналист
-

Macedonian Open 2026: Шест македонски тенисери во првото коло
