Ракомет
29. May 2019 - 16:41

Младите македонски ракометари ги дознаа противниците за СП во Скопје летово

 

Македонската ракометна репрезентација за играчи до 19 години ги доби противниците за Светското првенство, кое летово ќе се одржи во Скопје.
 
Изборот на селекторот Данило Брестовац беше Ц групата, во за противници ќе ги имаме селекциите на: Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина и Нигерија.
 
Младинскиот Мундијал во Скопје ќе се одржи од 6 до 18 август, во „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“, а пората фаза по групи ќе ја минат првите четири селекции од четирите групи кои ќе продолжат во осминафиналето.