Младите во Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години
За разлика од поразвиените земји во Европа, младите на Балканот доста доцна ги напуштаат домовите на своите родители и стануваат независни, покажува истражувањето на Евростат, според кое младите во Северна Македонија го напуштаат домот на своите родители нa 32,1 години, јави дописникот на МИА од Белград.
Младите во Хрватска го напуштаат домот на своите родители во просек на возраст од 33,4 години, а младите во Естонија најрано на возраст од 22,7 години во просек.
Во просек, младите во Србија го напуштаат домот на своите родители на 31,4 години, во Црна Гора на 33,3 и во Северна Македонија на 32,1 години. Од друга страна, младите во остатокот од Европа го напуштаат домот на своите родители во раните дваесетти години (Естонија 22,7 години, Холандија 23 години, Франција 23,4 години, Велика Британија 24,6 години, Литванија 24,7 години).
Според експертите, главните причини за многу подолг останок во родителскиот дом на младите на Балканот во споредба со остатокот од Европа, делумно лежи во традицијата (посилни семејни врски во нашиот регион), но најдоминантна причина секако е недостаток на финансиска независност на младите (пред се поради немањето доволен број добро платени работни места).
Ново на Сител
-
Премиерот Мицкоски се сретна со претседателот на ОАЕ шеикот Мухамед Бин Зајед Ал-Нахјан
-
Калас: Западниот Балкан е во Европа и местото му е во ЕУ
-
Со последните напади Русија јасно покажа дека не сака мир, порача Калас
-
Намален бројот на населението во Јапонија, за една година 550.000 луѓе помалку
-
Трамп ги обвини Бајден и Зеленски за војната во Украина
-
На ГП Табановце викендов влез и излез оствариле скоро 37 000 македонски државјани
-
ДСЗИ околу здравствената евиденција не констатира недостатоци во случајот со починатиот пациент од Кардиохирургија
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 16 април со сведочење на Палевски