Млин приклучен на трафостаница копал биткоини во Бутел, сметката 260.000 евра
Со наод на овластено вешто лице и по извршено пребарување во деловен објект, утврдена е тешка кражба на електрична енергија од трафостаница во Скопје, соопштија од „Електродистрибуција“.
Како што информираат од компанијата, тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија, поради сомневања за кражба, побарал асистенција од Министерството за внатрешни работи и вклучување на вешто лице. Пребарувањето било извршено во деловен објект на улицата „Бутелска“.
При контролата било констатирано противправно користење на електрична енергија преку неовластено приклучување на три нисконапонски кабли директно во трафостаница во сопственост на „Електродистрибуција“. Според наодите, електричната енергија била користена за напојување на системи со графички картички за копање криптовалути, сместени во деловен објект – поранешен млин.
Од „Електродистрибуција“ информираат дека е составен записник за неовластено користење, изготвен е наод и мислење од овластено вешто лице и поднесена е пријава до МВР за неовластено преземање на електрична енергија, согласно член 235-а од Кривичниот законик.
Дополнително, изготвена е фактура за надомест на штета во износ од околу 16 милиони денари или 260.000 евра.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Тема на денот со проф. д-р Калина Гривчева Старделова, претседателка на лекарската комора
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
