ММФ и Светска банка: Македонската економија е стабилна и покрај политичката криза
Македонската економија е стабилна и покрај сите предизвици на политичката криза, оценуваат Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светска банка.
На Пролетните средби во Вашингтон, на кои учествува и македонската делегација предводена од министерот за финансии Кирил Миноски, е посочено дека македонската економија годинава ќе оствари раст од околу 3 проценти.
- Констатација на сите релевантни финансиски институции е дека и покрај долготрајната политичка криза, сепак економијата испорачува позитивни резултати. 2016 година ја завршивме со раст на БДП, наплатата на приходите е на задоволително високо ниво и тоа продолжува и во првата половина од 2017 година, буџетскиот дефицит се движи во рамки на Мастришките критериуми така што од тој аспект општата констатација е дека речиси сите макроекономски фундаменти на економската политика во Република Македонија се здрави и оти и покрај сите околности, Македонија дава позитивни резултати, изјави министерот Миноски.
Според гувернерот на Народната банка Димитар Богов, предвидувањата на ММФ и на Светска банка за македонската економија се должат на добро поставените основи на економијата.
- Видувањата на ММФ и Светската банка се дека македонската економија ќе продолжи да расте и според нив, растот ќе изнесува околу три проценти. Тоа се должи на добрите фундаменти на македонската економија, но сепак тоа е помалку отколку што може македонската економија да расте, а причината е неповолното домашно политичко опкружуивање, истакна гувернерот Богов.
На средбите што македонската делегација ги имала со високи претставници на ММФ било оценето дека инфраструктурните проекти се позитивни за развојот на македонската економија.
Коридорот 10, како што најави министерот Миноски, ќе биде комплетиран во јуни годинава, а се разговара со Европската банка за обнова и развој и за финансирање на делниците од Коридорот 8, односно автопатската делница од Кичево до Гостивар, како и за желензичкото поврзување од Крива Паланка со граничниот премин Деве Баир.
- Тоа се проекти кои се важни од стратешки аспект заради тоа што обезбедуваат пристап до алтернативни пристаништа за Република Македонија, обезбедуваат раст на БДП на краток рок, а на долг рок даваат подобри услови за водење на бизнис во Република Македонија, нагласи министерот Миноски.
Светска банка и Европската банка за обнова и развој поддржуваат проекти во Македонија во вредност од милијарда ипол евра, од кои најголем дел во инфраструктурата.
На средбите се разговарало и за проектите што се имплементираат со Развојната банка на Советот на Европа во делот на здравството и образованието како што се проектите за изградба на Клиничкиот центар во Скопје и Клиничката болница во Штип. Македонската делегација на Пролетниот состанок во Вашингтон со претставници на ММФ и на Светска банка разговарала и за поддршка на приватниот сектор во Македонија, особено на малите и средните претпријатија.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Заканите на Ахмети не поминуваат кај народот
-
Пазарен ќе проверува како се растат цените по маркетите – Мицкоски најавува жестока акција
-
Седница на Советот на Град Скопје
-
Ги забавуваа скопјани за Нова Година, ама цела година ги чекаат парите од Град Скопје
-
Нова спортска сала
-
Aмбасадорите на Пендаровски Владата ќе ги враќа со толкување
-
Армијата ќе се засилува со вработување на 300 професионални војници
-
Мицкоски: Срамно е однесувањето на големите трговци, ДПИ во засилени контроли на цените пред празниците