ММФ предупредува дека се ближи опасен циклус

ММФ предупредува дека централните банки насекаде во светот имаат проблеми во борбата со дефлаторни сили и дека Владите мора да им помогнат за да успеат во тоа.
Во новата проценка на глобалните економски услови, ММФ наведува дека многу земји во светот се борат со дефлација поради нискиот раст на глобалната економија.
Како што се наведува во извештајот, дефлаторните притисоци во повеќето земји имаат екстерен карактер во форма на опаѓање на цените како на суровините, така и на готовите производи.
- Ниската инфлација ја испитува способноста на централните банки да ја користат монетарната политика за поттикнување на побарувачката, оти веројатно каматните стапки се веќе многу ниски, што им дава малку простор за понатамошно намалување на каматите, оценува Фондот.
Тоа беше случај и со американската Управа за федерални резерви, Европската централна банка и Централната банка на Јапонија, при што последните две веќе ги спуштија каматните стапки на негативна територија, заклучува ММФ.
- Тврдоглавата дефлација на крајот може да доведе до скапи дефлаторни циклуси, како што тоа беше случај во Јапонија, каде слабата побарувачка и дефлацијата се поттикнуваа една со друга, и каде се се завршува со зголемување на долгот и загрозување на економските активности и отворањето на работни места, наведува ММФ.
Ново на Сител
-

Миса во Католичката црква во Скопје за Божиќ
-

Тема нa денот со Љупчо Николовски, пратеник од СДСМ
-

Уставен ќе ги испитува коефициентите за плати на судиите и обвинителите
-

Се одложува пресметката на просечна потрошувачка кошничка зашто синдикатите и работодавачите не дале мислење
-

Бугарија понуди помош за снабдување со мазут, Владата ја одби
-

Собранието ги избра новите министри - Сали за евроитеграции, Хоџа за животна средина
-

Вратени иселенеци на форум во Влада - И Македонија може да биде „ветената земја“
-

Паркингот на Клинички стана сопственост на државата, а ќе го управува „Градски паркинг“ - Ќе се реши ли хаосот?
